Екрем Мустафа нов министер за внатрешни работи на Косово

Претседателот на Алијансата ново Косово Беџет Пацоли

Претседателот на Алијансата ново Косово Беџет Пацоли изјави дека за нов министер за внатрешни работи е наименуван Екрем Мустафа и оти претходно по барање од оваа партија бил сменет досегашниот министер Бејтуш Гаши. Според Пацоли, Гаши бил премногу мирен за таа функција. Гаши е втор министер за внатрешни работи кој е сменет од формирањето на владата на чело со Рамуш Харадинај.