Заеднички саудиско-турски тим влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул

Заедничкиот тим влегува во Конзулатот.

Турските власти имаат аудио снимка која покажува дека саудискиот новинар Џамал К​ашоги бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул, изјавил турски безбедносен извор. Тој додал дека доказите за убиството на Кашоги биле предадени на неколку држави меѓу кои Саудиска Арабија и САД и нагласил дека во тек е етапа на собирање конкретни докази во Конзулатот.

Заеднички саудиско-турски тим денеска влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул заради претрес на објектот, речиси две недели после исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Тимот во попладневните часови стигнал во Конзулатот, а нивното доаѓање го снимиле новинарските екипи кои се на лице место. За сега не е познато каков вид претрес ќе спроведат.

Светските агенции јавуваат дека десетина луѓе влегле во саудискиот конзулат откако беше соопштено дека заеднички турско-саудиски тим ќе изврши претрес во текот на денов.