Турција ќе изврши претрес во саудискиот конзулат во Истанбул

Архива: саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Турски експерти попладнево ќе извршат претрес во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, откако пред десетина дена таму исчезна новинарот Џамал Кашоги. Турција верува дека бил убиен и неговото тело отстрането, додека Саудиска Арабија ги негира обвинувањата.