Шест години за Јанкулоска, Нема геј бракови во Романија, Нов земјотрес во Хаити...

МАКЕДОНИЈА - На шест години казна затвор е осудена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот Тенк, за набавка на луксузен мерцедес. Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања додека била министерка за внатрешни работи.

БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за референдумот во Македонија изјави дека доколку земјата одлучи да го имплементира Договорот за името со Грција, тие се подготвени да ја примат како земја членка на Алијансата.

РУСИЈА - Активисти во родниот град Санкт Петерсбург истакнаа голем банер на централната улица посакувајќи му на Путин доги години затвор, по повод неговиот роденден. Други активистите со темна облека и бели капи привлекоа внимание со банер со ракети и обоен чад. Трети, пак, му оставија пакети-подароци со натписи на нив да заврши на суд и да си оди од власт како роденденски желби.

КИНА - Кинескиот претставник кој е на чело на Интерпол Менг Хонгвеј поднесе оставка на таа функција откако Кина соопшти дека тој бил под истрага, соопшти Интерпол.

РОМАНИЈА - Централната изборна комисија на Романија соопшти дека поради малиот одѕив на избирачите не успеал дводневниот референдум за промена на Уставот со што би се отежнало легализирањето на истополни бракови.

ХАИТИ - Американскиот Геолошки институт објави дека северниот дел на Хаити бил погоден од земјотрес со сила од 5,2 степени, ден откако на истото место во земјотресот со сила од 5,9 загинаа најмалку 12 луѓе, додека околу 190 биле повредени.