Денеска пресуда за Јанкулоска за „Тенк“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред Кривичниот суд

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена прсудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“. Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост. Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.