Франција очекува Собранието да се произнесе за уставните амандмани

Портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил очекува Собранието да се произнесе за уставните амандмани.

„Гласачкото тело на Поранешната Југословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за името и за иднината на земјата. Франција со задоволство констатира дека гласањето добро се одвиваше и го поздравува фактот што многу големо мнозинство од излезените гласачи искажаа поддршка за спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон Атлантската алијанса и Европската унија. Сега Парламентот треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на спогодбата, а врз основа на резултатот од референдумот“, вели Мил во изјавата што ја пренесе Амбасадата на Франција во Скопје.

Според Мил, Договорот од Преспа е добар, како за земјата, така и за регионот и за Европа.