Времето сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се движи од пет до девет, а дневната ќе биде од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат утре и в петок, особено во јужните делови од земјава.