Техеран изврши ракетен напад врз милитанти одговорни за нападот во Ахваз

Фотогафија објавена на официјалната веб страница на Исламска револуционерна гарда, на која се гледаат ланисрани проектили.

Иранските државни медиуми објавуваат дека Иран лансирал неколку балистички проектили врз милитанти во Сирија кои Техеран ги обвинува за неодамнешните напади на иранската воена парада во кои загинаа најмалку 24 лица и беа повредени повеќе од 60.

Иранската новинска агенција Фарс денска известува дека неколку милитанти биле убиени од иранските напади, чија цел била камп во регионот Албу Камал во источна Сирија.

Иран ги обвинува арапските сепаратисти за нападите на 22 септември во југозападната иранска провинција Ахваз, но милитантите на Исламската држава ја преземаа одговорноста за нападите на воената парада.

На официјалната веб страница на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска е соопштено дека целта била „седиштето на одговорните за терористичкиот напад во Ахваз.“ Исто така е наведено дека балистичките ракети биле лансирани од воздушната база на ИРГЦ.