ДИК: одзивот 36,87 %, „За“ гласале над 91 насто

Прес-конференција на ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница ги објави резултатите од вкупно обработени 98,61 процент од избирачките места, кои покажуваат дека на референдумското прашање гласале „за“ 91,48 проценти или 605.016 граѓани, а против се изјасниле 5,64 проценти или 37,312. Неважечки биле 2,88 проценти од гласачките ливчиња.

Според овие податоци, на гласање излегле 661.393 гласачи или излезноста била 36,87 проценти.

На последната прес-конференција на ДИК, претседателот Оливер Дерковски најави дека ДИК во законски предвидените рокови во текот на денешниот ден ќе ги објави и првите официјални резултати.