ДИК: до 13 часот излезност од 16 проценти

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски

До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или околу 16 насто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски. Ова е резултат од обработените податоци од 90, 24 отсто од избирачки места во Република Македонија.

Според Деркоски, досега гласањето се одвива мирно и без нерегуларности, освен неколку помали инциденти.