Тетово со поголема излезност од руралните општини во регионот

Општина Тетово до 11 часот бележи најголем процент на граѓани кои го оствариле правото на глас во шесте општини во регионот. Четири часа по отворањето на гласачките места 7,60 % од 83.191 гласач се изјасниле по референдумското прашање.

По Тетово, следи општина Теарце каде гласале 7,09 % од 22.054 гласачи. Процент од 6,24 % од 10. 200 жители бележи општина Јегуновце. До 11 часот во останатите општини во Тетовско излезноста е следна: општина Боговиње 5,90 %, Брвеница, 5,56%и Желино има 5,21% излезност на граѓаните.