ВМРО-ДПМНЕ: постојат индиции дека СДСМ подготвува поткуп на гласачи

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Постојат сериозни сомнежи и индиции дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за референдумот, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Она што Заев го најави од Крива Паланка постојат индиции дека засилено го прават неговите локални пајташи на терен насекаде. Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името“. велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат:

„Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.