Заев: Со опозицијата имаме консензус по многу прашања, дури и за референдумот

премиерот Зоран Заев

„Со опозицијата досега имаме убав дијалог и консензус по многу важни прашања, а тоа се потврдува затоа што пратениците заедно гласаа и за двотретински и за закони со просто мнозинство. Последно заедно го избравме новиот директор на ОТА и тоа е добро, надежно. Дури и за референдумот, Мицкоски не е свесен дека имаме консензус“, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата Топ тема на ТВ Телма. „И веројатно и тоа така ќе биде, тој само ќе го соопшти вечерта на 30-ти кога ќе го слушне резултатот од успешниот референдум заради тоа што сите сме за ЕУ и за НАТО. И знаат сите дека не може подобар договор да се постигне. Јас ќе продолжам со мојот ваков однос, пријателе Мицкоски, дај за ова прашање да застанеме заедно, истакна Заев кој додаде дека ако на 30 септември мнозинство граѓани се изјаснат „против“ референдумот пропаѓа. „Прво, успешен референдум е апсолутно видливо, огромно мнозинство кое што гласа „за“ или успешен референдум е апсолутно видливо огромно мнозинство кое што гласа „против“. Бојкотот не се калкулира никаде“, рече Заев.