Израел ја предупреди Русија да не доставува напредно оружје во Сирија

Систем за воздушна одбрана С-300.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди рускиот претседател Владимир Путин да не доставува напреден систем за воздушна одбрана во Сирија, велејќи дека дополнително ќе го дестабилизира регионот кој е погоден од војна.

По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери на 24 септември, кабинетот на Нетанјаху соопшти дека тој му соопштил на Путин оти „пренесувањето на напредно оружје во неодговорни раце ќе ја зголеми опасноста во регионот и дека Израел ќе продолжи да ја брани својата безбедност и интереси со бомбардирање на ирански цели во Сирија.“

Израелските авиони спроведоа бројни смртоносни воздушни напади врз ирански воени цели во Сирија. Русија минатата недела делумно го обвини Израел за уривањето на рускиот воен авион во кој загинаа 15 лица, откако сириската воздушна одбрана по грешка го урна рускиот авион „Ил-20“ на 17 септември, во момент кога Израел бомбардираше цели во Сирија. Москва тврди дека рускиот авион бил урнат бидејќи израелските пилоти го користеле како „покритеие.“