Москва го повика амбсадорот на Норвешка за апсењето на еден Русин

Москва

Руските власти го повикале на разговор амбасадорот на Норвешка во Москва во знак на протест поради тоа што на аеродромот во Осло бил уапсен еден државјанин на Русија поради сомневање за шпионажа. Норвешката разузнавачка служба соопшти во неделата дека нејзини припадници уапсиле еден Русин чиј идентитет не е соопштен под сомневање за шпионажа во текот на еден семинар одржан во норвешкиот парламент.