Вучиќ: мојата политика во врска со Косово доживеа пораз

Српскиот претседател и лидер на Српската напредна странка Александар Вучиќ на седница на Главниот одбор на оваа партија 24.09.2018.

Српскиот претседател и лидер на Српската напредна странка Александар Вучиќ на седница на Главниот одбор на оваа партија изјави дека неговата политика со цел Србија да зачува доста работи на Косово доживеала пораз, бидејќите Србите повеќе сакаат да изгубат се. „И кога се обидовме да добиеме нешто, изгубивме се благодарејќи на сопствената неодговорност“, рече тој, изразувајќи стравување дека Белград повеќе нема да има нова шанса. „Оваа моја политика, Србија доста работи да зачува на Косово е поразена. Србите сакаат да изгубат се. Тие претпочитаат повеќе да плачат за нешто што останува далеку отколку да имаат нешто во своите раце, рече Вучиќ, додавајќи дека првата рунда ја добила „Србија која плаче, а не Србија која победува", обвинувајќи ја за тоа српската опозиција. Вучиќ рече дека неговиот говор во Косовска Митровица бил говор на дисконтинуитет со политиката на Слободан Милошевиќ, но дека никој тоа не сакал да го слушне, бидејќи на регионот му треба лоша, кавкаџиска Србија, која се заканува со војни.