Кукан за референдумот, Трамп бара докази за наводниот сексуален напад, Лавров во Сараево...

МАКЕДОНИЈА - Пратениците на Европскиот парламент Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн порачаа дека референдумот е историска шанса за земјава и дека не треба да се чекаат уште 27 години за да се постигне напредок во однос на евроатланските интеграции.

ГРЦИЈА - Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас уште еднаш го поздрави договорот за името со кој на Македонија и се отвора патот за зачленување во НАТО и Европската унија.

КИНА - Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека во сегашната трговска војна меѓу Соединетите Држави и Кина нема победници. Според ММФ, од клучно значење за глобалниот развој е двете страни да најдат заемно прифатливо решение.

САД - Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја повика Кристин Бласеј Форд да достави докази за своите тврдења дека кандидатот за судија на Врховниот суд Брет Кавано сексуално ја нападнал.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на заедничка прес-конференција со босанскиот колега Игор Црнадак во Сараево изјави дека никој од надвор не треба да создава конфликтни ситуации на Балканот и да претендира на целосна контрола над регионот.

ТАНЗАНИЈА - Државните медиуми во Танзанија објавија дека повеќе од 100 луѓе се загинат при несреќа на траект на Езерото Викторија.

РУСИЈА - Рускиот Центар за човекови права Меморијал соопшти дека судија во Чеченија наредил постапка зад затворени врати во судењето на Ојуб Титиев, еден од водечките активисти за човекови права во Русија.

АВГАНИСТАН - Властите во западниот дел на Авганистан соопштија дека најмалку 15 луѓе, вклучително три жени и две деца, се убиени кога автобус удрил во камион на авганистанскиот автопат 1, на клучката која го поврзува градот Херат со Кабул.