Грчките конзервативци ја бојкотираат државната телевизија

Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис

Грчката опозициска Нова демокартија соопшти дека им дала инструкции на своите пратеници и високи функционери да не се појавуваат на програмите на државната телевизија, обвинувајќи ја за пристрасност во корист на владата. Според оваа партија, ЕРТ водела „вулгарна владина пропаганда“. ЕРТ често пати беше предмет на политички контраверзи. Претходната конзервативна влада ја затвори во 2013 година и ја замени со медиум со двојно помалку вработени. Меѓутоа сегашната левичарска влада во 2015 година повторно ја отвори.