Трамп: можно постојано воено присуство на САД во Полска

Американскиот претседател Доналд Трамп и полскиот претседател Анджеј Дуда, Вашингтон, 18.09.2018.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација го разгледувала барањето за постојано американско воено присуство во Полска. Тој ова го изјави на прес конференцијата во Вашингтон по неговата средба со полскиот претседател Анджеј Дуда. Полска веќе неколку пати бара разместување американски војници на нејзина територија и понуди 2 милијарди долари за изградба на воена база. Сегашното американско присуство е врз ротирачка основа.