Лидерите на Јужна и Северна Кореја за денуклеаризација на Полуостровот

Лидерите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун, Пјонгјанг, 18.09.2018.

Лидерите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун ја заокружија последната во серијата историски средби, наведувајќи дека се согласиле Корејскиот полустров да биде без нуклеарно оружје. На денешната прес конференција во Пјонгјанг Ким Џонг Ун најави дека наскоро ќе ја посети Јужна Кореја, што ќе биде прва таква посета на еден севернокорејски лидер по поделбата на Полустровот пред неколку децении.