Вратата на ЕУ е отворена, Нови царини за Кина, Рускиот активист бил отруен?...

МАКЕДОНИЈА - Вратата на ЕУ е отворена, но вие сте тие кои одлучувате дали ќе ја искористите можноста на 30-ти септември, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. На политичките лидери им порача од референдумот да не прават политички настан, бидејќи како што рече сега не е време за политички игри.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и германскиот амбасадор Томас Герберих ја потпишаа Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи.

САД - Соединетите Држави воведуваат царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари што претставува нова ескалација на трговската војна со Пекинг.

ШПАНИЈА - Најмалку петмина градежни работници се повредени, а двајца се затрупани при уривање на скеле на луксузен хотел во Мадрид, информира тамошната Брза помош. Скелето на шестиот хотел на луксузниот хотел Риц се урнало нешто по 16 часот по локално време. Пожарникарите се обидуваат да дојдат до најмалку двајца затрупани луѓе.

ИРАН - Најмалку 20 се загинати и 20 други се повредени во судир на автобус и цистерна во централен Иран, соопштија официјални претставници.

ГЕРМАНИЈА / РУСИЈА - Германски лекари во болница во Берлин, каде се лекува рускиот активист Пјотор Верзилов, велат дека најверојатно бил отруен.

РУСИЈА / СИРИЈА - Руското Министерство за одбрана соопшти дека сириската воздушна одбрана, по грешка, соборила руски авион за надзор над источното Средоземно Море, убивајќи 15 воени лица.

САД - Кандидатот за член на американскиот Врховен суд, Брет Кавано, и жената која го обвини за сексуален напад во 1982 година, ќе бидат повикани да сведочат во Комитетот за правосудство на Сенатот. Со тоа, се комплицира она што се чинеше дека ќе биде лесен процес во Конгресот на одобрување на неговата кандидатура.