Хан: На 30 септември одлука за вашата иднина

еврокомесарот Јоханес Хан

„На 30 септември имате единствена можност да ја определите својата иднина. Тоа е можност што се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има влијание врз граѓаните, нивните деца и на идните генерации кои се уште не се ни родени. Референдумот е уникатна можност да се донесе важна одлука со далекусежни последици“, порача еврокомесарот Јоханес Хан по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје. Тој повторно искажа поддршка за договорот меѓу Македонија и Грција. „Договорот е силно поддржан од меѓународната заедница зашто е чувар на земјата и на евроатлантските перспектива, но одлуката за него е одлука која граѓаните независно треба да ја донесат. Тоа ќе биде важен прилог за земјата и за регионот. Останува на вас да решите на 30 септември. Вратата на ЕУ е отворена, но вие решавате дали ќе ја искористите можноста. Нема време за губење“, порача Хан.