Италија не сака состанок со Австрија за Јужен Тирол

Италија соопшти дека за сега ја одбива предложената средба во Виена за австриските планови да им даде државјанство на жителите на италијанскиот регион Јужен Тирол кои зборуваат германски. Во соопштението италијанското Министерство за надворешни работи оценува дека ваквата автсриска иницијатива носи ризик на реваншистичка политика. Јужен Тирол беше дел од Австроунгарија до крајот на Првата светска војна, а жителите по завршувањето на Втората светска војна изгласаа да останат во Италија.