Шефот на германската дипломатија Мас во Македонија

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Тој ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров. Предвидено е одржување и панел дискусија на која ќе учествувува и Мас, а на која ќе се говори за eвропскиот пат на Македонија. Мас ќе биде третиот висок германски функционер кој доаѓа во земјава во изминатите десетина дена во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември. Канцеларката Ангела Меркел беше во посета на Скопје на 8 септември на Денот на независноста, а во минатата недела беше германскиот министер за Европа Михаел Рот.