Хан: Убеден сум за успешноста на референдумот, но прво да го преминеме мостот

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска од Штип изјави дека е убеден оти референдумот ќе успее, но доколку не се случи тоа, политичарите треба да донесат одлуки.

„Да го преминеме мостот па да видиме што ќе се случи. Јас сум убеден во позитивен исход од референдумот. Мораме да го почитуваме сувереното право на граѓаните да гласаат и таа одлука ќе мора сите да ја испочитуваат. Потоа, се разбира политичарите ќе треба да се справуваат со последиците и соодветно на тоа да донесат одлуки“, изјави еврокомесарот од Штип.