Турција ќе носи уште војници на Кипар

Турција ќе го засили своето воено присуство во Северен Кипар, каде вообичаено постојано се распоредени околу 35.000 турски војници, најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Нема да го намалиме бројот на наши војници таму, напротив, ќе го зголемиле“, изјави Ердоган, но нагласи дека Турција не планира да отвори воена база на Северен Кипар, бидејќи за сега нема потреба од тоа.

„Турција е на само неколку минути од кипарскиот брег“, рече Ердоган.

Кипар е поделен на два дела во 1974 година, кога обидот на кипарските Грци за обединување со Грција предизвика воена интервенција од страна на Турција. Преговорите за повторно обединување на Кипар засега не вродуваат со плод.