Сончево време со умерена локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната температура од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 32.