Глобалното производство на нафта на рекордно ниво

илустрација

Испораките на нафта во светот во минатиот месец достигнаа рекордна вредност со што уште еднаш е потврдена доминацијата на нафтата во енергетиката. Меѓународната агенција за енергија соопшти дека глобалните испораки за прв пат достигнале 100 милиони барели дневно. Производството го имаат зголемено и земјите од ОПЕК и Соединетите држави.