Продолжува сусдскиот процес за „27 април“

Од судeњето за насилствата во Собранието на 27 април 2017.

Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. За денеска е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска. На минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски. Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.