НАТО и Русија одржуваат воени вежби

манвери на руската армија

Британски, француски, италијански и германски авиони симулираа воздушни борби над Западна Европа како дел од маневрите за одвраќање на руски авиони од влегување во воздушниот простор на земјите членки на НАТО. Во истовреме, Русија го покажа најсофистицираниот противвоздушен систем на тековните манвери на руската армија. Овие активности доаѓаат за време на растечките тензии меѓу Русија и Западот околу руските акции во Украина и Сирија и наводното руско мешање во изборите во САД и некои европски земји.