Вонредна состојба во Вашингтон поради ураганот Флоренс

Илустрација

Поради доаѓањето на ураганот Флоренс, градските власти во Вашингтон денеска прогласија вонредна состојба. Градоначалничката Мјуриел Баузер изјави дека ја потпишала наредба поради ураганот кој беснее над Атлантскиот Океан, објави новинската агенција АП.

Вчера Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон. Окото на ураганот е на околу 1.985 километри југоисточно од крајбрежјето на Северна Каролина, а стихијата се движи кон запад и се очекува да стигне до брегот на САД во четврток, соопштиле надлежните служби.

Вонредна состојба поради Флоренс претходно воведоа и властите во сојузните држави Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд.