МАНУ за референдумот, Русија на најголема вежба по Студената војна, Нахранете ги гладните и спасете ја планетата...

МАКЕДОНИЈА - Со потпишувањето на Договорот со Грција се отвораат европските перспективи кои значат и економски простеритет, изјави претседателот на МАНУ, Таки Фити на научната конференција на оваа тема во Акдемијата. Премиерот Заев изјави дека Македонија го потврди и зајкна својот идентитет.

МАКЕДОНИЈА - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска информираше дека рударите ќе се пензионираат само со работен стаж - жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, за што веќе се изготвени и законски измени.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Заев и јас сме обвинувани во нашите земји дека сме предавници. Мицотакис и Мицкоски, кои му припаѓаат на ЕПП, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и договорот е штетен. Не мислите дека бидејќи двајцата конзервативни лидери нѐ обвинуваат дека сме предавници тоа веројатно значи дека и јас и Заев правиме нешто добро, го отвораме патот кон мирот, перспектива за соработка и мирна иднина, историска иднина и на тоа сум многу горд, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на дебата со европратениците.

САД / КУБА - Главен осомничен во истрагата спроведена од американските разузнавачки агенции за мистериозното заболување на персонал во Амбасадите во Куба и во Кина е Русија, објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си Њуз.

РУСИЈА - Неколку илјади возила, летала и воени бродови, како и околу 300 илјади војници учествуваат во најголемите воени вежби што Русија ги организира во последните 37 години, објави Раша тудеј, а пренесоа светските новински агенции. Според НАТО, овие вежби демонстрираат фокусирање на Русија врз маневри за голем конфликт.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп добил многу топло и позитивно писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во кое тој наведува дека сака да организира нова нивна средба, соопшти Белата куќа.

КОНГО - Бројот на луѓе во светот кои страдаат од глад е зголемен во изминатите три години, враќајќи се на нивото пред една деценија, се вели во најновиот извештај на ОН. 821 милион луѓе, односно секое деветто лице на планетава, во 2017 година немало доволно храна, стои во извештајот во кој се нагласува и дека најкритично е во Африка и Јужна Америка. Паралелно со ова, наведуваат ОН, во светот лани имало 672 милиони дебели луѓе.

АВГАНИСТАН - Според едни извештаи најмалку 19, а според други дури над 40 луѓе се убиени, а над 20 се повредени, во самоубиствен напад во источната авганистанска провинција Нангахар, соопшти канцеларијата на провинцискиот гувернер.

САД - сад - Светот има уште две години да дејствува против климатските промени за да не се соочи со катастрофални последици, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и побара од граѓаните да бараат од светските лидери да полагаат сметки во врска со тоа.

САД - Америка никогаш нема да се потчини на тероризмот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по повод 17 години од терористичките напади на Ал Каеда на 11 септември. Претседателот Трамп ја упати пораката од полињата близу Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна киднапираниот авион од Калифорнија во 2001 година.