Помошник државниот секретар на САД Вес Мичел в четврток во Скопје

Помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел

Помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел в четврток ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот. Претходно Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународната конференција во Тбилиси и ќе ја изрази американската поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија.