Уапсен мажот кој возеше по аеродромската писта во Лион

Илустративна фотографија. Франија. Полицајци.

Француската полиција уапси маж по куса брканица на аеродромот во Лион во југоисточна Франција, привремено приземјувајќи летови. Официјални лица велат дека човекот со автомобил ја пробил стаклената врата на еден од терминалите на аеродромот во Лион, Сен Екзупери, и потоа се упатил кон пистата пред да го напушти возилото и да се обиде да избега пеш. Никој не е повреден во инцидентот, а деталите за уапсениот човек и неговите мотиви засега не се јасни. Инцидентот предизвика пренасочување на неколку летови на аеродромот.