„Беса“ ќе го подржи референдумот

Беса, политичка партија

Движењето „Беса“ денеска на прес-конференција најави дека ќе го поддржи претстојниот референдум и дека ќе го мотивира албанското население што помасовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“.

"Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „ЗА“ на денот на гласањето, додека во втората фаза, односно отворањето на уставните измени ќе се ангажираме терминот од „20 проценти“ да се замени со „албански" и „албански јазик", изјави Аријанит Хоџа од „Беса“.

Слоганот под којшто ќе настапува „Беса“ е „ДА за НАТО и ЕУ како Aлбанец, а не како процент".