Заев: Референдумот не е борба за власт, туку борба за севкупен раст

Претседателот на Владата Зоран Заев

Претседателот на Владата, Зоран Заев синоќана трибината во Ресен повторно ја повика опозициската ВМРО - ДПМНЕ како и оние што се уште не решиле да излезат на 30 септември да го поддржат референдумот за влез на Македонија во Европската унија и НАТО. „Ако сте за ЕУ и НАТО излезете на референдумот, придружете се. Ние може да не се согласуваме на економски план, на планот на реформите, транспарентноста, корупцијата и криминалот, но должност ни е да застанеме заедно зад Република Македонија, затоа што тоа е наша татковинска обрвска на сите“, рече Заев.