Заев: излегувањето на референдум е обврска

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со премиерот Зоран Заев во Скопје, 06.09.2018.

„Излегувањето на референдум е обврска, а неизлегувањето на референдум и седењето дома се кукавичлук и неодговороност пред државата. Со заокружување на „за“ ќе ја осигураме Македонија и ќе ѝ обезбедиме иднина“. Ова го порача премиерот Зоран Заев од собирот „Заедно за европска Македонија“ кој синоќа се одржа во Гостивар. Тој низ бројки и примери укажа на користа од зачленувањето во НАТО и во Европската унија, и посочи дека покрај грантовите и финансиската поддршка што и сега ги добива Македонија од фондовите на Унијата ќе се отвори и огромниот пазар на ЕУ за македонските земјоделски производи.