Формиран Комитетот за интеграција на Македонија во НАТО

Владата на Република Македонија

На редовната 86-та седница, Владата го формираше Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО. Со него ќе претседава претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а негови заменици се Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи.На седницата министрите ја прифатија информацијата за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане, односно таканаречениот оне-стоп-шоп.