Курти повика на протести против размена на територии со Србија

Лидерот на Самоопределување Албин Курти

Лидерот на косовското опозициско движење Самоопределување, Албин Курти го повика партиското членство да се мобилизира за, како што рече, „граѓански и мирни протести за да се застане на патот на криминалот кој се врши врз Косово и косовскиот народ“, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти коментирајќи ги идеите на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, односно размена на териториите со Србија, изјавил дека „земјата поминува низ многу тежок период“, поради што е потребна целосна мобилизација.

“Ние ова не смееме и нема да го дозволиме, бидејќи имаме историска и морална обврска. Политичката ситуација бара од нас да ја зајакнеме организацијата и во наредните денови и недели ќе застанеме на чело на граѓанските мирни протести за да го запреме криминалот што се врши врз Косово и нашиот народ,”, изјавил Курти.