Одбиено помилувањето за Мијалков, Хакирани православни поглавари, Ќе отвора ли Кина воена база во Авганистан...

МАКЕДОНИЈА - Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО Таргет-Тврдина, во кој обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски. Судот го одби барањето на одбраната за прифаќање на аболицијата од претседателот Ѓорѓр Иванов за Сашо Мијалков.

РУСИЈА - Руските хакери кои во минатиот месец беа обвинети од американскиот специјален обвинител Роберт Мулер неколку години се обидувале да им ја украдат приватната кореспонденција на некои од највисоките христијански православни лица во светот, објави Асошиетед прес.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи го меѓународниот договор со телото единствениот најлош трговски договор што некогаш бил направен.

АВГАНИСТАН - Авганистанските власти соопштија дека во експлозија на бомба покрај пат, загинале пет гранични полицајци и тројца биле повредени во источната провинција Нангахар.

РУСИЈА - Најмалку три лица се загинати при експлозија во фабрика за експлозиви во рускиот регион Нижни Новгород, известија руските медиуми.

КИНА - Кина ги негира извештаите дека планира да распореди трупи или да воспостави воена база во Авганистан, наведувајќи дека земјата само е ангажирана нормална воена и безбедносна соработка со својот сосед.

САД / РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин е можно да одржи разговори со американскиот претседател Доналд Трамп на три самити до крајот на годината, соопшти Кремљ.

СИРИЈА / РУСИЈА - Русија најави дека од прво до осми сепетмври ќе одржи воени вежби на Средоземно Море во момент кога се подготвува офанзива на сириските владини сили врз провинцијата Идлиб, последното упориште на бунтовниците во Сирија.