Бајден: Мекејн веруваше во душата на Америка

поранешниот американски потпретседател Џо Бајден

Во црквата во Феникс, Аризона се собраа околу 3 ипол илјади луѓе на комеморација за сенаторот Џон Мекејн кој на 82 годишна возраст почина во саботата од тумор на мозокот. На комеморацијата меѓу другите говореше и поранешниот американски потпретседател Џо Бајден кој изјави дека верува оти смртта на сенаторот Мекејн погодила многу луѓе, бидејќи знаат дека тој длабоко и силно верувал во душата на Америка.