Хан: Граѓаните на Македонија треба да решат интеграција во ЕУ или изолација

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, Драч, 27.08.2018.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, вчера на маргините на состанокот на премиерите од Западен Балкан во албанскиот град Драч, порача дека македонските граѓани треба да решат дали ќе се интегрираат во ЕУ или пак ќе се вратат во изолација. Неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан заврши синоќа без присуство на шефовите на владите на Србија, Босна и Херцеговина и на Македонија. Поради лошите временски услови, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч. На состанокот беа разгледани прашања за регионалната економска интеграција, отстранувањето на царинските бариери и создавањето нови работни места.