Во Драч состанок на премиерите од Западен Балкан

Премиерите на Западен Балкан на состанок во Трст, 12.07.2017.

Албанија денеска ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. На состанокот, освен албанскиот премиер Еди Рама, ќе учествуваат и македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на на Европската банка за обнова и развој ЕБОР. Во соопштението од кабинетот на премиерот Рама, се наведува дека тема на средбата ќе биде заедничката визија за стратегијата за интеграција во Европската унија, зајакнувањето на регионалната економска зона, договорот за роаминг и започнување на разговори за реципрочно признавање на академските и професионалните квалификации.