Амбасадата на САД во Сараево ги отфрли наводите на Додик

претседателот на Република Српска Милорад Додик

Американската амбсада во Босна и Херцеговина соопшти дека претседателот на Република Српска Милорад Додик повторно се обидува помошта од САД за БиХ да ја користи за „докажување неверојатни теории на заговор, кои се во служба на изборните кампањи во земјата“. „Измислиците на Додик се едноставно невистинити“, се наведува, меѓу другото во реакцијата која следуваше откако Додик ги обвини Стејт департментот и УСАИД дека издвоиле 8 милиони долари за невладини организации во БиХ за да се мешаат во внатрешните прашања на таа земја и да влијаат врз изборниот процес.