Одбележан денот на АРМ, Нема осиромашен ураниум на Криволак, Затворен руско-српскиот парамилитантен камп во Србија...

МАКЕДОНИЈА - На одбележување на годишнината од Армијата на Македонија, претседателот Ѓорѓе Иванов порача дека инвестициите во одбраната се клучни за справување со тековните предизвици. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска рече дека се потребни видливи резултати за членството во НАТО. Генерал мајор Васко Ѓурчиновски кој, беше назначен за началник на Генералштабот, вети дека ќе работи согласно стандардите на НАТО.

МАКЕДОНИЈА - На полигонот за обука во Криволак не се користи муниција со сиромашен ураниум, Министерството за одбрана наведувајќи дека фотографии што се објавени на некои од портали лажни вести се цел да се прошири паника и да предизвикаат отпор на граѓаните кон НАТО.

САД - Контроверзната воена парада која претседателот на САД Доналд Трамп се надеваше дека ќе ја одржи во ноември, е одложена најмалку до 2019 година, наводно поради проекциите за трошоците кои биле повисоки од очекуваните.

КОСОВО - Косовската полиција уапси осум активисти на движењето Самоопределување, меѓу кои и пратеничката на таа опозициска партија во косовското Собрание, Саранда Богујевци.

СРБИЈА - Српската полиција затвори парамилитарен младински камп организиран од руски и српски крајно-десничарски групи на планина во западниот дел на Србија, по жалби на јавноста.

ТУРЦИЈА / САД - Администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека против Турција би можело да бидат воведени нови санкции ако американскиот свештеник Ендрју Брансон не биде наскоро ослободен. Тој е упасен во 2016 година под обвинување за шпионажа и давање поддршка на терористите.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше медиумите откако американските весници координирано ги осудија неговите напади врз новинарите кои тој ги обвини дека шират лажни вести. Не постои нешто што повеќе би го сакал за нашата земја од вистинска слобода на медиумите. Факт е дека медиумите се слободни да пишуваат и кажуваат се што сакаат, но повеќето од тоа се лажни вести, туркање политички агенди или само обичен обид да им се даде удар на луѓето. Чесноста победува, напиша Трамп на Твитер.