Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските предели ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Дневната температура ќе се движи од 27 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 36 степени.