Макрон и Путин ќе разговараат за режисерот Сенцов

украинскиот режисер Олег Сенцов

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин за судбината на украинскиот режисер Олег Сенцов кој од мај штрајкува со глад во затвор во Русија, соопшти Елисејската палата. Макрон веќе неколку пати разговарал со Путин за Сенцов. Неговите роднини велат дека добиле писмо од Сенцов во кое тој наведува дека страхува за својот живот. 42 годишниот Сенцов кој е роден на Крим започна штрајк со глад, барајќи да бидат ослободени сите украински „политички затвореници“. Тој е осуден на 20 години затвор поради тероризам и шверц со оружје.