САД со реакција до руската амбасада во Вашингтон за „агресивно мешање“

Американскиот Стејт департмент го повика вршителот на должноста на руската амбасада во Вашингтон Дмитриј Жирнов во врска со напорите на Москва да користи социјални медиуми за „промоција на насилство“ и за поделба на американското општество. Ова се наведува во пораката на Твитер на портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт во која се додава дека САД нема да толерираат такво агресивно мешање. Американската разузнавачка заедница заклучи дека Русија се обидела да се меша во претседателските избори 2016 и оти користела социјални медиуми за поделби во американското општество.