Обезбедени пари за патот Крива Паланка - Деве Баир

Министерство за финансии.

Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за поправки на патот Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии

Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија.

Спорд Министерството до крајот на годината треба да биде објавен меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе го реконструира патот.

Министерството за финансии изготви предлог закон за гаранција на заемот од ЕБОР, кој е влезен во собраниска процедура. Рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години.