Хеликоптерска несреќа во Русија, 18 загинати

Руски хеликоптер Ми-8.

Осумнаесет луѓе загинаа при хеликоптерска несреќа во Сибир.

Руското Министерство за транспорт соопшти дека хеликоптерот Ми-8 со три членови на екипажот и 15 патници се урна денеска ( 4 август), откако се судрил со машини што ги носел друг хеликоптер набргу по полетувањето.

Министерството додаде дека вториот хеликоптер слетал безбедно и дека несреќата се случила при „нормални“ временски услови.